Реакцијата на австралиската публика по полуфиналето во сингл за мажи на Австралија опен предизвика многу контроверзии.
Италијанецот Јаник Синер без многу мака го совлада Американецот Бен Шелтон и обезбеди ново финале на , откако славеше победа со сигурни 3-0, по сетови 7-6/2, 6-2 и 6-2. Полуфиналниот меч мина во знакот на првиот светски рекет, кој малку се помачи во првиот сет, но потоа го покажа својот квалитет и лесно го елиминираше својот ривал.
Се крена голема „прашина“ за јавната поддршка на Новак Ѓоковиќ за Александар Зверев пред финалето на Австралија опен со Јаник Синер.
Бранителот на титулата на Австралија опен во Мелбурн, Италијанецот Јаник Синер денеска се пласираше во финалето на тој турнир, откако по три сета го совлада 20-от светски играч Американецот Бен Шелтон со 7:6, 6:2, 6:2. Тенисерот број еден во светот победи по два часа и 36 минути и по третпат во кариерата се пласираше во финалето на Грен слем турнир.