Македонската ММА репрезентативка Даниела Алексовска се искачи на третото место на светската ранг-листа во јуниорска конкуренција до 52,2 килограми, според последното рангирање на Меѓународната ММА федерација (ИММАФ). Овој историски успех претставува значаен чекор за македонскиот спорт, а особено за Алексовска и нејзините тренери, Ивица Алексовски и Стефан Пецевски, сите дел од клубот „Д Стронгест“.
Освоеното Европско првенство на Даниела Алексовска во јуниорск конкуренција во категоријата до 52.2 килограми не помина незабележан од страна на Меѓународната ММА федерација.