Русија го поздрави изборот на Кирсти Ковентри за нова претседателка на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), велејќи дека сака „посилно, понезависно олимписко движење“ по години напнатост меѓу Москва и организацијата со седиште во Лозана.
„Одушевени сме што гледаме посилно, понезависно и попросперитетно олимписко движење под ново водство и гледаме како Русија се враќа на олимпискиот подиум“, објави рускиот министер за спорт и шеф на рускиот олимписки комитет Михаил Дегтјарев на платформата Telegram. Netpress