19-годишниот чешки тенисер Јакуб Меншик направи сензација и го победи Новак Ѓоковиќ во два сета на мастерсот во Мајами (7-6, 7-6), со што го спречи најголемиот светски тенисер да дојде до посакуваниот стоти трофеј во кариерата. Gol
Новак Ѓоковиќ беше поразен во финалето на мастерсот во Мајами од Чехот Јакуб Меншик со 2:0, по сетови 7.6 (4), 7:6 (4). Новак, и покрај тешкиот пораз, ја покажа својата големина со тоа што му се поклони на ривалот и призна дека тој е подобар во овој момент. Plusinfo
Јакуб Меншик (19) во финалето на Мастерсот во Мајами го победи својот идол и ментор Новак Ѓоковиќ (37) 7:6(4), 7:6(3). Со најголемиот успех во кариерата и првата турнирска победа, чешкиот тинејџер го спречи Ѓоковиќ по рекорден седми пат да го освои еден од најсилните турнири во , а со тоа и да го освои 100-от турнир во кариерата. Kanal5