Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз блесна на терените во Монте Карло, освојувајќи го својот прв трофеј на овој престижен Мастерс турнир, и тоа со неверојатен пресврт против Италијанецот Лоренцо Музети.
По загубениот прв сет, Алкараз се врати во натпреварот со импресивна игра и на крајот славеше со 3-6, 6-1, 6-0. Натпреварот започна ветувачки за Музети, кој и покрај тоа што го загуби својот прв сервис-гем, успеа да се стабилизира и со два брејка поведе со 3-1, за потоа сигурно да го затвори сетот во своја корист со 6-3. Но, од тој момент натаму, сцената ѝ припаѓаше на Алкараз.