Откако Руне во првото полуфинале го совлада Карен Хачанов со 6-3, 6-2, Алкараз во второто беше подобар од Французинот Артур Филс со 6-2, 6-4. За Руне ова е втор настап во финалето годинава, по Индијан Велс каде загуби од Џек Дрејпер, а в недела ќе се обиде да го освои својот прв НАЛС по Минхен пред точно две години.