Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го откажа своето учество на овогодинешниот АТП турнир „Мастерс 1000“ во Рим, кој започнува следната седмица, објавија организаторите без да наведат причина.
Ѓоковиќ, кој моментално е петти во светот, го освои турнирот во Рим шест пати, а откажувањето на неговото учество на овој турнир значи дека најверојатно ќе дојде на вториот овогодишен „гренд слем“ турнир Ролан Гарос, кој започнува на 25 мај, со само два одиграни меча на земјена подлога, а ги загуби и двата.