„Иако сезоната ја започна со полуфинале на Австралија опен, па следеше финале во Мајами, Србот ни понуди две партии недостојни за неговиот талент, иако треба да се има предвид дека неговите ривали играа одлично“, потсетија Французите на поразите на Новак во Монте Карло против Чилеанецот Табило и во Мадрид против Италијанецот Арналди.