Домаќинот подобро тргна во мечот, имаше цврста одбрана и потпомогнат со одбраните на се одлепи на 5-2. Имаше Алкалоид и напад за плус четири кој не го искористи, па потоа Вардар на искуство се врати во игра и израмни на 5-5. Оттогаш мечот беше вистинска игра на нерви, Вардар единствено водеше со 7-8, а потоа Алкалоид пак го сврти мечот (10-8) и се играше израмнето до паузата, кога беше 12-12. На стартот на вториот дел Вардар беше поконцентриран, се одлепи на 12-14 со головите на Борозан и Јагуриновски, плус од два гола кој стоеше и на 14-16, потоа беше и 15-18, што беше аларм за Алкалоид. Gol