Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекува досега најголемиот предизвик во квалификацискиот циклус за Светското првенство, а тоа е натпреварот против Белгија.
Селекторот Благоја Милевски и неговиот белгиски колега Руди Гарсија ги објавија почетните состави околу еден час пред почетокот на натпреварот, со што тактичките дилеми се разјаснија.Македонија: Димитриевски; Илиевски, Муслиу, Зајков, Стојчевски; Алиоски, Атанасов, Барди, Костадинов; Елмас, Миовски.Белгија: Селс; Дебаст, Фаес, Муние; Де Кујпер, Ванакен, Раскин, Де Бројне, Салемакерс; Доку, Лукаку.