Работи со различни високопрофилни уметници од бендот „Металика“, преку Винтон Марсалис, Рене Флеминг, Јо-Јо Ма, а неговата креативна визија и можност лесно да навигира во различни музички правци го прават „еден од најиновативните диригенти на денешницата“.Македонската филхармонија е единствен државен симфониски оркестар во земјата кој осум децении освен што ја промовира класичната музика на највисоко ниво е главен промотор и на македонската музичка мисла и на домашните композитори и изведувачи од нејзиното основање до денес.Фестивалот „Охридско лето“ се одржува под покровителство на претседателката на Македонија Гордана Силјановска-Давкова и со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам кое годинава издвои 31 милиони денари.