Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска палка на маестро Едвин Оутвотер синоќа на Античкиот театар беше отворено годинешното 65-то издание на најголемата и најпознатата музичко сценска манифестација во земјата, фестивалот „Охридско лето“. 24info
Со свечена церемонија во величествениот амбиент на Античкиот театар, синоќа беше отворено 65. издание на интернационалниот фестивал „Охридско лето“, водечката културна манифестација во земјата и во регионот. Denar
Ова отворање не беше само концерт, туку чин на сеќавање, отпор и надеж.
Во магичната атмосфера на Античкиот театар, музиката се претвори во молк и светлина, во мост меѓу минатото и сегашноста. Zoom