Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при вчерашната работна посета на Кинотека потенцираше дека македонското аудиовизуелно наследство е многу значајно, но значајно е да се одржува и да има средства за тоа.
„Изминатите седум години, токму оваа институција, која е најстара институција задолжена за чување на аудиовизуелното наследство, во споредба со периодот пред 2017 година, имаше намален буџет за речиси 50 - 60 проценти, што ја покажува и недоволната посветеност на претходното раководство за грижата кон филмското наследство“, рече министерот Љутков, најавувајќи зголемување на буџетот за оваа национална установа.