Nezavisen
„Преку танц, музика и емоции, сцените ја раскажаа приказната за едно дете кое ги истражува животните фази – од раѓањето, првите пријателства и љубопитноста за светот, до борбите со прифаќањето, откривањето на страста за танцот и соништата за иднината“, велат од „Dancers United“.
„Убавината на овие инклузивни претстави кои ги организира танцовото студио ‘Dancers United’ десет години во континуитет е што истите инспирираат, мотивираат, им покажуваат на сите учесници како и присутни од најмала до најголема возраст дека не постојат бариери, сите сме исти, сите можеме кога сакаме, само треба да го поттикнеме најдоброто во себе и со многу љубов, трпение и поддршка ќе стигнеме до целта“, велат од „Dancers United“. Nezavisen