Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на Брисел, во изјава за медиумите по денешните средби со новиот комесар за проширување Марта Кос и со новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, рече дека Владата останува фокусирана на реформите и дека е подготвена да разговара за се што е принципиелно за државата и граѓаните, но дека ултиматуми не прифаќа.
Влада останува фокусирана на реформи, останува фокусирана на обезбедување подобри услови за живот на македонските граѓани и нормално наша главна цел останува да биде полноправно членство на нашата Македонија во рамките Европската Унија, порача Премиерот Христијан Мицкоски кој денеска е во работна посета на Брисел.