Македонските преведувачи Катерина Маркоска, Филип Димевски и Ермис Лафазановски се добитници на наградите за најдобар драмски превод на европско ниво за 2025 година.
Македонските преведувачи Катерина Маркоска, Филип Димевски и Ермис Лафазановски се добитници на наградите за најдобар драмски превод на европско ниво за 2025 година што традиционално, на 21 март, ги соопштува Еуродрам - Европската мрежа за драма и превод. Kanal5
Главна цел на мрежата е да го поттикне преводот на современи драмски дела од Европа, Централна Азија и Медитеранот, правејќи ги достапни за театарските професионалци и публиката, во духот на независноста, рамноправноста и јазичната разновидност.
Во парни години, секој јазичен комитет на Еуродрам избира три оригинални драмски дела напишани на јазикот на тој комитет и ги препорачува за превод на други европски и блискоисточни јазици. Nezavisen