Отворена изложбата на Касиопеја Наумоска и Катерина Деспот во Белград изложби, КУЛТУРА Пред бројни љубители на ликовната уметност и во исклучително емотивна атмосфера, синоќа во Македонскиот КИЦ во Белград, беше отворена изложбата на Касиопеја Наумоска и Катерина Деспот, насловена како „Насликани зборови”.
Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград вечерва беше отворена изложбата „Насликани зборови“ на која се претставени познатите македонски уметници Касиопеја Наумоска и Катерина Деспот.