2Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска попладнево достави докази во Основното јавно обвинителство во врска со легализирани дивоградби во општина Чаир спротивно на закон.
Основното јавно обвинителство Скопје постапува по доставено известување од СВР Скопје и издаде повеќе наредби по кои веќе се преземаат дејствија, информираат од Обвинителството во врска со тоа дали досега јавен обвинител обезбедил докази од општина Чаир поврзани со наводите на скопската градоначалничка Данела Арсовска.
Данела Арсовска ги достави доказите до ОЈО Скопје за дивоградбите во Чаир 360степени | 31 мај, 2025 17:10.
Арсовска како службено лице мора да пријави ако има сознанија за кривично дело и да посочи на кои локации во Чаир се сомнева за незаконитости, велат од Основното јавно обвинителство Скопје.