Македонски театарски фестивал „Војдан Черднорински“: Сцена од претставата „12“ на Синиша Евтимов Претставата „12“ работена по мотиви на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), во адаптација и режија на Синиша Евтимов, во продукција на Македонскиот народен театар (МНТ) ги доби наградите за за уметничко остварување на преставата во целина, специјалната награда за колективна актерска игра и наградата „Димче Трајковски“ за машка епизодна улога за Оливер Митковски на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Со доделување на наградите и со претставата „Вистината“ на Театар Комедија“ во чест на наградените, вечер во Прилеп ќе заврши 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој почна на 6 јуни.