1 (15) ■ вести > свет ■ 14-Jun 17:00 -> 15-Jun 10:45
.
.
.
.

Трамп со парада ги одбележа својот роденден и годишнината на Армијата, додека милиони луѓе простестираат низ целата земја

  • Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка

Одбележувањето на 250-годишнината од Армијата на САД, со долгоочекуваната воена парада на претседателот Доналд Трамп, која се совпадна со 79-тиот роденден на претседателот, вчера се одржа низ улиците на центарот на Вашингтон, додека истовремено во многу делови од државата се случуваа протести и насилство.

Со силен и театарски настап, Доналд Трамп повторно го сврте вниманието кон себе – овој пат преку грандиозна воена парада во Вашингтон по повод 250 години од основањето на американската армија.

2 (5) ■ вести > македонија ■ 15-Jun 08:24 -> 15-Jun 11:02
.
.
.
.

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата покажува знаци на стабилизација и раст

  • ВМРО-ДПМНЕ: Економијата се стабилизира по „хаосот на СДС“ - раст во индустријата и зголемена доверба кај инвеститорите

Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот кој го остави СДС после 7 години катастрофално менаџирање, лоши економски политики и отсуство на мерки и проекти, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Раст на трговијата и индустријата: „Состојбата е стабилизирана, економскиот пад е запрен“ВМРО-ДПМНЕ денеска испрати партиско соопштение во кое наведува дека економијата конечно покажува знаци на стабилизација, по, како што велат, „пустошот и хаосот кој го остави СДС по 7 години катастрофално менаџирање, лоши економски политики и целосно отсуство на мерки и проекти“.

11 (27) ■ вести > свет ■ 14-Jun 14:05 -> 15-Jun 11:00
.
.
.
.

Пратеничка во Преставничкиот дом на Минесота е убиена во својот дом во политички мотивиран атентат

  • Демократска конгресменка и нејзиниот сопруг убиени во САД, повредени се уште две лица

  • УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите и нејзиниот сопруг, во друго пукање ранет сенатор

Во тек е голема потрага по осомничениот за пукањата, кои се водат како политички мотивирани атентати, а во истрагата е вклучено и Федералното истражно биро (ФБИ) Двајца американски политичари од редовите на демократите, членови на законодавниот дом на сојузната држава Минисота утрово биле застрелани во нивните домови, во два одделни случаи, јавуваат медиумите во САД и во Велика Британија.

Американските власти потврдија дека демократската политичарка Мелиса Хортман е убиена, а нејзиниот сопруг е исто така смртно застрелан во пукотница во Минесота.

Минесота е во шок откако државната претставничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, Марк, беа убиени рано наутро во саботата, во она што гувернерот Тим ​​Волц го нарече „политички мотивиран атентат“.Државниот сенатор Џон Хофман и неговата сопруга исто така биле цел на напаѓачите и биле погодени неколку пати.

14 (56) ■ вести > македонија > политика ■ 13-Jun 06:28 -> 14-Jun 10:05
.
.
.
.

Муцунски: Не можам да одговорам дали ќе има средба со Софија, но ние сакаме не една, туку повеќе средби и редовна комуникација

  • Николоски - Сијарто: Силното партнерство со Унгарија и носи огромен бенефит на Македонија

  • Јаневска и Сијарто потпишаа Меморандум со кој годишно по 20 македонски студенти добиваат стипендии за студии во Унгарија

  • Потпишан договор за стратешко партнерство со Унгарија

Printscreen / Facebook / Timco Mucunski Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска истакна оти тој не може да каже дали ќе има средба со претставници на Бугарија на маргините на Самитот на НАТО во Хаг, дека за тоа треба одговор да се бара од Софија, а она што, како што посочи, може да го каже е дека очекуваат повеже средби и редовна комуникација со нашиот сосед.

НасловнаМакедонијаНиколоски – Сијарто: Силното партнерство со Унгарија и носи огромен бенефит на Македонија You cannot print contents of this website.

Македонските студенти ќе можат да користат 20 стипендии годишно за да студираат во Унгарија на унгарски или на странски јазик.

Договор за стратешка соработка меѓу двете влади и Меморандум за разбирање и имлементација на програмата „Стипендиум хунгарикум“ за периодот 2026 – 2028 година потпишале денеска македонскиот министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и неговиот унгарски колега Петер Сијарто, кој престојува во посета на земјава.

Повеќе од
оваа категорија

78 (12) ■ спорт ■ 13-Jun 06:15 -> 14-Jun 21:09
.
.
.
.

Никогаш не сум бил сакан како Надал и Федерер, вели Новак Ѓоковиќ

  • Ѓоковиќ за својот однос со Надал и Федерер: Се чувствував како несакано дете

Facebook / Novak Djokovic Освојувачот на 24 Гренд слем титули, Новак Ѓоковиќ, не крие дека е при крајот на кариерата, а по поразот од Јаник Синер во полуфиналето на Ролан Гарос, рече дека ова веројатно бил неговиот последен натпревар на Отвореното првенство на Франција.

Facebook / Novak Djokovic Новак Ѓоковиќ во интервју за германското издание на „20 минути“ отворено зборува за своето легендарно соперништво со Рафаел Надал и Роџер Федерер (заедно имаат 66 гренд слем титули). Српскиот тенисер си „ја отвори“ душата“ на новинарот Паскал Ракштул, со кого разгораше за недостатокот на наклонетост од навивачите за време на неговата кариера и за неговиот однос со Федерер и Надал.

Повеќе од
оваа категорија

46 (10) ■ бизнис > економија ■ 14-Jun 10:09 -> 14-Jun 16:24
.
.
.
.

Планираме да носиме мерки за цените, ќе делуваме ако има непринципиелно однесување на трговците, најави Мицкоски

  • Мицкоски: Земјоделците се херои на денешницата, Владата останува посветена на нивната поддршка

Фото: Маја Јаневска-Илиева Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се следи состојбата со цените и најавува дека ќе се преземат мерки доколку има непринципиелни однесувања од страна на трговците.

На манифестацијата „Од нива до трпеза“, која денеска се одржува во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски упати јасна порака за поддршка на македонските земјоделци, нагласувајќи дека Владата силно се залага за развојот на земјоделскиот сектор и поддршка на оние кои го одржуваат аграрот жив.„Македонија има потенцијал – и тоа не е празна фраза, туку фактичка состојба.

128 (4) ■ бизнис > економија ■ 13-Jun 10:45 -> 14-Jun 19:21
.
.
.
.

Преку порамноправен меѓународен модел за развој до заеднички просперитет

  • Кина ќе ги укине сите тарифи за африкански стоки

Во Пекинг претставен извештај за „Промовирање на модернизацијата низ светот со Иницијативата за глобален развој“ Иницијативата за глобален развој го промовира градењето порамноправен и поинклузивен нов меѓународен модел на развој преку низа видливи резултати од соработката, влевајќи доверба и мотивација кај земјите низ светот да работат заедно за да се справат со предизвиците и да постигнат заеднички просперитет.

Кина ќе преговара и ќе потпише нов економски договор со Африка што ќе ги елиминира сите тарифи за 53 африкански земји со кои има дипломатски односи, потег што би можел да им користи на земјите со среден приход.

211 (5) ■ сцена > култура ■ 13-Jun 09:00 -> 14-Jun 16:15
.
.
.
.

Колумбиецот Јанко запеа на општинска прослава во Скопје!

  • Бутел вечерва слави јубилеј - Ќе ечи македонска музика на паркиногот кај „Олимпија”

Сузана Спасовска, Влатко Миладиновски, Јована Богдановска, КУД ПЛетенка и Колумбиецот Јанко беа музички гости на општинската прослава, 20 години Општина Бутел, и синоќа од 19 часот настапија на големиот паркинг на спортско-рекреативниот центар ,,Македонија” (кај Олимпија, Радишани). Градоначалникот Дарко Костовски вчера ги покани граѓаните да дојдат на првиот дел од музичкиот настан кој општината го организирала во наредните два дена.

Вечерва и утревечер, на големиот паркинг на спортско-рекреативниот центар „Македонија” кај „Олимпија” бутелчани ќе имаат можност да се забавуваат со најголемите македонски музички изведувачи.