Со проекција на филмот „Ривиера“ на Орфеас Перецис, во француска и грчка копродукција, вечер почнува Недела на франкофонски филм.
Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Македонија, Албанија, Белгија, Франција и Канада) и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто ќе се одржи од 23 до 30 јуни, во Кинотека на Македонија.