Обвинетите во случајот „Геријатрија“ пред Основниот кривичен суд Скопје денеска се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар. Мухсин Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, се гони за примање поткуп, додека, Блерим Амити е обвинет за примање награда за противзаконито влијание.
Обвинетите во случајот „Геријатрија“ пред Основниот кривичен суд Скопје денеска се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар. Мухсин Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, се гони за примање поткуп, додека, Блерим Амити е обвинет за примање награда за противзаконито влијание, објави МИА.
Еден од најдобрите борци во мешани борешки вештини во последните години, Александар Волкановски, викендов беше вистински Македонец како својот татко, откако ја имаше улогата на девер на македонска свадба во Австралија. УФЦ ѕвездата одлично се снајде со сите традиционални обичаи, па на рамото имаше шишенце со ракија за сватовите, а добар беше и во играњето оро во дворот на куќата на невестата.
Фото: Screenshot ВИДЕО | Волкановски како вистински Македонец: Водеше оро на свадба во Австралија Aлександар Волкановски е еден од најдобрите борци во светот, имено такото на УФЦ ѕвездата е од Македонија, па така нашата традиција за Волкановски не е непозната и тоа го покажа на свадба во Австралија. Волкановски на свадбата беше во улога на девер и на објавената снмка можеше да се забележи дека ги почитува обичаите во дворот на куќата на невестата.
Поранешниот германски шампион Баер Леверкузен реши да се раздели со тренерот Ерик Тен Хаг по лошите резултати на стартот на сезоната. Тен Хаг добиваше жестоки критики поради играта на неговата екипа, па издржа само два меча во Бундеслигата.
Во хаосот на крајот од летниот преоден рок, менаџерот Ерик тен Хаг е отпуштен од Баер Леверкузен по тешкиот почеток на сезоната, во кој Холанѓанецот не победи во ниту еден од првите два домашни натпревари како менаџер на тимот. Тренерот на Манчестер Јунајтед помеѓу 2022 и 2024 година, Тен Хаг, беше избран од раководителите на Леверкузен да го замени Чаби Алонсо, кој се пресели во европскиот гигант Реал Мадрид во летото.
По повод почеток на новата учебна година, претседателот на Владата – Христијан Мицкоски го посети ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Кисела Вода. „За мене претставува огромно задоволство и чест што можам денес да застанам пред вас.
Можеби за првпат после седум години, учениците во првиот училишен ден ќе ги имаат учебниците пред себе, нешто коешто е многу значајно, нешто коешто во минатото за жал изостануваше. Ја користам оваа прилика да им се извинам на родителите што пред повеќе од 15 години зборувавме за компјутер за секое дете а денес после 15 години зборуваме за учебник за секое дете, но ви ветувам дека преку нова дисциплина, а тоа е вештачката интелигенција со којашто ќе се запознаат нашите дечиња ќе можеме да зборуваме за иднината и за предизвиците коишто ни ги носи иднината, порача премиерот Христијан Мицкоски на првиот училишен ден, посакувајќи им среќен почеток на учебната година и успех на сите ученици во државата.
Училишното ѕвонче денеска ќе го означи почетокот на новата учебна 2025/2026 година за 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. До Министерството за образование се пристигнати податоци за 17.250 првачиња и 17.230 ученици во прва година во средното образование, но податоците не се конечни, со оглед дека училиштата сè уште доставуваат бројки.
Училишното ѕвонче денеска ќе го означи почетокот на новата учебна 2025/2026 година за 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. До Министерството за образование се пристигнати податоци за 17.250 првачиња и 17.230 ученици во прва година во средното образование, но податоците не се конечни, со оглед дека училиштата се уште доставуваат бројки.
Фото: Rawpixel / CC0 / public domain Притвореник починал во ќелија во „Шутка“ Притвореник од Долно Коњари вчера починал во КПУ Затвор Скопје, информираат од полицијата. На 30.08.2025 околу 15:30 часот во СВР Скопје од страна на вработен во КПУ Затвор Скопје е пријавено дека М.П. (54) од Д. Коњари, кој бил во притвор, побарал лекарска помош.
Притвореник од Долно Коњари вчера починал во КПУ Затвор Скопје, информираат од полицијата. На 30.08.2025 околу 15:30 часот во СВР Скопје од страна на вработен во КПУ Затвор Скопје е пријавено дека М.П. (54) од Д. Коњари, кој бил во притвор, побарал лекарска помош.
Германскиот бизнис весник „Ханделсблат“ пишува за растечкиот интерес за недвижности во Албанија, Црна Гора и Македонија. Туризмот, ниските цени и перспективата за ЕУ ги охрабруваат инвестициите и развојот на пазарот, пренесува „Дојче веле“.
Германски „Ханделсблат“ пишува за растечкиот интерес за недвижности во Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, каде што туризмот, ниските цени и ЕУ перспективата ги поттикнуваат инвестициите и развојот на пазарот. Во Црна Гора, поранешната тврдина Мамула, позната по својата мрачна историја, е претворена во луксузен хотел.
Од утрово во Белград и Нови Сад се поставени билборди со порака за роденденот, упатена до Александар Лукашенко, долгогодишниот и авторитарен лидер на Белорусија. Според српските медиуми, зад акцијата стои десничарското конзервативно движење „Naši“, чиј претставник Иван Ивановиќ е потписник на пораката.
Лукашенко Фото: Н1 Во Белград и во Нови Сад билборди со честитки за роденденот на Лукашенко Белград и Нови Сад се појавија билборди со честитки за роденденот на автократскиот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко, јавува Н1. Билбордите ги постави конзервативното движење „Наши“, кое наведува дека „сака да ја нагласи важноста на традиционалните врски меѓу Србија и Белорусија, но и да потсети дека во време на големи политички предизвици, Србија мора да застане покрај своите искрени сојузници“. Лукашенко, кој често се опишува како „последниот европски диктатор“, владее со Белорусија повеќе од 30 години.
Рускиот претседател Владимир Путин денес се сретна со турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во градот Тјанџин во северна Кина. Во руската делегација се министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, заменик-шефот на претседателската администрација Максим Орешкин, портпаролот на претседателот Дмитриј Песков, помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, министерот за транспорт Андреј Никитин, министерот за енергетика Сергеј Цивилев, директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка Дмитриј Шугаев, генералниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев и директорот на Росатом Алексеј Лихачев, пренесува Тас.
Рускиот претседател Владимир Путин денес се сретна со турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во градот Тјанџин во северна Кина. Во руската делегација се министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, заменик-шефот на претседателската администрација Максим Орешкин, портпаролот на претседателот Дмитриј Песков, помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, министерот за транспорт Андреј Никитин, министерот за енергетика Сергеј Цивилев, директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка Дмитриј Шугаев, генералниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев и шефот на Росатом Алексеј Лихачев, пренесува Тасс.
Авионот со кој Фон дер Лајен патуваше до Пловдив (Бугарија) во неделата попладне остана без електронски помагала за навигација кога се приближи до пистата. Тројца службеници запознаени со инцидентот потврдија дека случајот се третира како руска операција на попречување.
Британскиот Фајненшл тајмс денес објави дека Русија најверојатно го оневозможила GPS-от во авионот на Урсула фон дер Лајен на летот од Варшава до Пловдив. Како што е наведено во нападот, GPS-навигациските услуги на бугарскиот аеродром биле оневозможени, што го принудило авионот на претседателот на ЕК да слета со користење на хартиени мапи.
Рудолф Џулијани / Фото EPA-EFE/JUSTIN LANE Поранешниот градоначалник на Њујорк Џулијани хоспитализиран по сообраќајна несреќа во Њу Хемпшир Поранешниот градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани, беше хоспитализиран во недела вечерта по сообраќајна несреќа во близина на Манчестер во американската држава Њу Хемпшир, изјави неговиот портпарол Мајкл Рагуса. Во објава на ИКС Network, Рагуса се наведува дека 81 годишниот Џулијани, претрпел фрактура на пршлен и неколку посекотини откако друго возило со голема брзина го удрил неговиот изнајмен автомобил.
Поранешниот градоначалник на Њујорк и поранешен личен адвокат на Доналд Трамп – Руди Џулијани, е повреден во сообраќајна несреќа што се случила во американската држава Њу Хемпшир. Според информациите од локалната полиција, Џулијани (81) кој бил сопатник во автомобилот кој бил удрен одзади од друг автомобил во вечерните часови во саботата.
Грубата пресметка, која ја презентираше Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини вели дека 1,3 милиони евра годишно досега оделе за TÜV потврди кои не требало да се бараат Од денеска ќе се применуваат европски стандарди при узвоз на возила. Грубата пресметка, која ја презентираше Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини вели дека 1,3 милиони евра годишно досега оделе за TÜV потврди кои не требало да се бараат и тоа најголемиот дел од средствата оделе кај странски компании на кои им се плаќало.
Од: А1он Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата. Клучната промена е тоа што, по 17 години од донесувањето на Законот за возила, тој конечно ќе почне да се применува согласно европските стандарди, информираше Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини кое неодамна одржа работен состанок со над 40 овластени застапници и импортери на возила на кој ги презентираше измените во постапките за одобрување на возила, кои ќе стапуваат во сила од денеска.
Венко Филипче грубо ја дезинформира јавноста, реагира министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски. Филипче дали воопшто знае кои закони ги имаат донесено како влада и која штета ја имаат направено врз земјоделците?
„Венко Филипче грубо ја дезинформира јавноста. Филипче дали воопшто знае кои закони ги имаат донесено како влада и која штета ја имаат направено врз земјоделците?
На 29 август 2025 година, WhatsApp објави дека поправил критична ранливост што им дозволуваше на корисниците на iPhone и Mac компјутерите да бидат хакирани без никаква интеракција со корисникот (zero-click напад). Целта објави дека ранливоста е идентификувана како CVE-2025-5517, што е резултат на нецелосно овластување на „пораки за синхронизација на поврзани уреди“ во апликацијата WhatsApp. Заедно со ова, потенцијалниот напад дозволи поврзување со друга ранливост: CVE-2025-43300, која се однесуваше на основната библиотека со слики на Apple и претходно беше поправена од Apple.
На 29 август 2025 година, WhatsApp објави дека поправил критична ранливост што им дозволуваше на корисниците на iPhone и Mac компјутерите да бидат хакирани без никаква интеракција со корисникот (zero-click напад). Целта објави дека ранливоста е идентификувана како CVE-2025-5517, што е резултат на нецелосно овластување на „пораки за синхронизација на поврзани уреди“ во апликацијата WhatsApp. Заедно со ова, потенцијалниот напад дозволи поврзување со друга ранливост: CVE-2025-43300, која се однесуваше на основната библиотека со слики на Apple и претходно беше поправена од Apple.
Фото: Слободен печат Пожарот во Вардариште ставен под контрола Пожарот во депонијата Вардариште е ставен под целосна контрола. Дел по дел ќе биде враќана електричната енергија во населбите каде денес попладне имаше прекин поради пожарот во депонијата Вардариште.
Денес попладне изби пожар во депонијата Вардариште. Од безбедносни причини исклучени се неколку далноводи поради што без напојување со електрична енергија останаа делови од населбите (или цели населби) Аеродром, Лисиче, Методија Андонов Ченто, индустриската зона, Кванташки пазар, Арачиново, Стајковци, Трубарево и Бунарџик.
Полиција / илустрација / Фото: Општина Центар Двајца приведени за пожарот кај Тиквешко Езеро Полициски службеници од ОВР Кавадарци, вчера во 19 часот по преземени оперативни мерки и активности ги лишиле од слобода З.К.(33) Бегниште, кавадаречко и И.И.(19) од Кавадарци, поради сомнение дека тие предизвикале пожар на сува трева, трња и ниско стеблеста шума кај месноста викана Блато на Тиквешко Езеро, во атарот на село Куманичево, Кавадаречко. Повредени лица нема, а пожарот бил изгасен со вклучување на авиони од Дирекција за заштита и спасување, возила на интервентна пожарна бригада при ДЗС и територијална противпожарна единица Кавадарци.
МВР информира дека синоќа во 19:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, по преземени оперативни мерки и активности ги лишиле од слобода З.К.(33) од с. Бегниште, кавадаречко и И.И.(19) од Кавадарци, а поради сомнение дека тие предизвикале пожар на сува трева, трња и ниско стеблеста шума кај месноста викана Блато на Тиквешко езеро, во атарот на село Куманичево, кавадаречко. Повредени лица нема, а пожарот бил изгасен со вклучување на авиони од Дирекција за заштита и спасување, возила на интервентна пожарна бригада при ДЗС и територијална против пожарна единица Кавадарци.
Во чест на 40 години од првото емитување на култната детска серија „Бушава азбука“, на 31 август во 10:30 часот во Дебар Маало ќе биде откриен мурал посветен на овој вечен симбол на македонската детска култура. Со овој настан започнува прославата на јубилејот и најавата на нови содржини за најмладите.
„Бушавата азбука“ доби мурал. Во чест на 40 години од првото емитување на култната детска серија, утре во 10.30 часот во Дебар Маало ќе биде откриен мурал посветен на овој вечен симбол на македонската детска култура.
Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN Крај на сагата: Исак во рекорден трансфер потпишува за Ливерпул Стефан Даскалов Пред 4 минути По повеќе од еден месец шпекулации, преговори и неизвесност, трансферот на шведскиот голгетер Александар Исак конечно е договорен и тоа во последниот ден од преодниот рок. Напаѓачот од Њукасл се сели во редовите на Ливерпул за сума од 150 милиони евра, што претставува нов рекорд во Премиер лигата.
Сагата што траеше повеќе од еден месец конечно заврши. Александар Исак е играч на Ливерпул.
Фото: US Open Tennis Championships Ѓоковиќ по пласманот во четвртфиналето: Не знам уште колку долго ќе играм тука Новак Ѓоковиќ за помалку од два часа на теренот во осминафиналето на САД Опен го совлада Германецот, Јан Ленард Штруф и така обезбеди место помеѓу најдобите осум на турнирот. По победата Ѓоковиќ беше рспложен, но и призна дека и самиот не знае уште колку долго ќе може да игра на највисоко ниво.
Фото: US Open Tennis Championships/FB Ниту Германецот Штруф не беше закана: Ѓоковиќ ќе игра четвртфинале на САД Опен Српскиот ас Новак Ѓоковиќ изминатата вечер уште еднаш покажа дека и понатаму може да игра на највисоко ниво и со 3-0 во сетови (6-3, 6-3, 6-2) го елиминираше Германецот Јан Ленард Штруф и си го обезбеди местото меѓу најдобрите осум на годинешниот САД Опен. Ѓоковиќ започна фуриозно и ги освои првите четири гема за само околу 15 минути игра, навестувајќи дека нема намера да му дозволи на Штруф ниту најмала шанса.
Фото: PSG ВИДЕО: Дали фудбалерот на ПСЖ вчера го постигна најубавиот хет-трик во историјата на фудбалот? Фудбалерите на Пари Сен Жермен вчера во третото коло од Лига 1 ја запишаа и третата победа и тоа со 6-3 против Тулуз.
Фото: PSG ВИДЕО: Дали фудбалерот на ПСЖ вчера го посигна најубавиот хет-трик во историјата на фудбалот? Фудбалерите н Пари Сен Жермен вчера во третото коло од Лига 1 ја запишаа и третата победа и тоа со 6-3 против Тулуз.
Кралот Чарлс е познат по своите необични навики, а кога оди на викенд посети кај пријатели, со себе носи половина од својот мебел. Се чини неверојатно, но овие детали ги презентираше авторот Том Бауер во неговата книга „Бунтовничкиот крал“.
Од: А1он Кралот Чарлс е познат по своите необични склоности, а кога оди за викенд да ги посети пријателите, тој носи половина од својот мебел со себе. Изгледа неверојатно, но овие детали ги презентираше авторот Том Бауер во неговата книга „Бунтовничкиот крал“.