Анеси е совршен пример за дестинација којашто Французите ја сакаат, но туристите често ја занемаруваат, вели Марк Бонте од туристичкиот портал „Френч сајд травел“ (French Side Travel). Многу луѓе минуваат низ главниот град на областа Горна Савоја, на патот кон познатите скијачки центри како Шамони и Межев, како и езерото Анеси, чијашто надреална нијанса на тиркизната боја го инспирирала и францускиот пост-импресионистички сликар Пол Сезан. Vecer