По повеќемесечна предистражна постапка на Основното јавно обвинителство Скопје во соработка со Министерството за внатрешни работи, во која беа применети и посебни истражни мерки, денеска полициски екипи под раководство на јавен обвинител спроведуваат акција и претреси на повеќе локации во Скопје и во Куманово, во рамките на која запленето е поголемо количество амфетамин и уапсени се неколку лица.
Основниот суд Куманово донесе пресуда со која обвинението против кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски се одбива, бидејќи јавниот обвинител се откажал од обвинението, соопштува кумановскиот суд.
Добивај вести на Viber Maртин Костовски се заблагодари на лидерот на партијата, Венко Филипче за укажаната доверба да биде кандидат за градоначалник на Куманово.
Општина Куманово, под водство на Максим Димитриевски, постојано е во центарот ама со скандали, со индиции за судир на интереси и можен коруптивен договорен систем за испумпување на парите на граѓаните, вели на прес-конференција претседателката на Форум на жени на СДСМ во Куманово, Марина Манојловска.– Медиумите веќе објавија документи како општина Куманово склучува договори за изведба и надзор со фирми на блиски родини.