Целата постапка ќе се спроведе како што предвидува законот – вели Делев.
Во истражната постапка за предметот „Пулс“ беа ангажирани сите судии во Основниот суд во Кочани, еден од Виница, тројца судии од Основниот суд во Штип и сите судии од штипска Апелација, кои одлучуваа за жалбените постапки и за решенијата за притвор. Plusinfo
Со два автомобилa и полициска придружба од Основниот суд во Кочани се врши транспортот на предметот за пожарот во диксотеката „Пулс“ во Кочани, во која животите ги загубија 62 лица, а над 200 беа повредени. Kurir
Претседателот на Апелациониот суд-Штип, Тони Делев за МИА информира дека транспортот е во тек.
Од Основниот суд во Кочани заедно со сите списи и докази, коишто се приложени се носат во Основниот Кривичен суд Скопје, согласно одлуката на Врховниот суд на Република Северна Македонија и таму ќе биде предаден на службите за понатамошна постапка, вели Делев. Press24
Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на Врховниот суд.
Врховниот суд го утврди Основниот кривичен суд Скопје како надлежен суд за постапка по обвинителниот акт за пожарот, во кој загинаа 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Zoom
Предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, оформен од Основното јавно обвинителство – Кочани, денеска е префрлен од Основниот суд Кочани во Основниот кривичен суд Скопје, согласно решението на Врховниот суд на РСМ, со кое се утврдува дека скопскиот суд е стварно и месно надлежен за оценка на обвинителниот акт. Lider