Студентите од поп и џез-катедрата при Факултетот за музичка уметност – Скопје ќе одржат концерт вечерва, 29 мај, со почеток во 21:30 часот, во „Кафе Литература“ во „Дајмонд мол“.
Настанот е резултат на новата соработка меѓу радиото „Џез ФМ“ и ФМУ – Скопје, чија цел е да се обезбеди простор за младите музичари и нивните ментори да го презентираат и промовираат својот труд и креативност, во согласност со афинитетите и современите насоки на младата џез-сцена во Македонија. Radiomof
Концертот ќе биде пренесуван во живо на фреквенцијата 100,8 MHz, како и онлајн преку веб-страницата jazzfm.mk. Trn