Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам ќе биде прогласен за британски „Сер“ на претстојниот роденден на кралот Чарлс.
Бекам, кој е носител на Орденот на Британската империја од 2003 година, ќе добие дополнително признание за неговата фудбалска кариера и за неговиот придонес во британското општество, објави Би-Би-Си. Со новото признание, Бекам ќе ја добие титулата Сер (витез) , а неговата сопруга Викторија ќе стане Лејди Бекам.