Дванаесет професионални спортски клубови од Лос Анџелес заеднички донираа осум милиони долари на американскиот Црвен крст, пожарникарите од Лос Анџелес и други организации кои помагаат на жртвите од големиот пожар што веќе неколку дена беснее во најголемиот град на Калифорнија.
Американската поп-ѕвезда Бијонсе донираше 2,5 милиони долари за помош на погодените од пожарите во Лос Анџелес, преку нејзината фондација „Бијгуд“ (Beygood). „Лос Анџелес, стоиме со вас“, објави кусо фондацијата на Инстаграм доцна синоќа.
Бројот на загинати во пожарите што беснеат низ Лос Анџелес се искачи на 24, соопштија утрово властите.
Властите во САД ја разгледуваат можноста пожарите кои со денови бесенат во Лос Анџелес да биле предизвикани од човечки фактор и негрижа на службите, слично како пожарот во Оукланд во 1991 година.