Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом денеска го обвини милијардерот Илон Маск дека „поттикнува грабеж во Лос Анџелес погоден од шумски пожар преку дезинформации што ги објавува на социјалните мрежи“.
Како што објави денеска „Гардијан“, гувернерот на Калифорнија реагираше откако Маск, кој е најбогатиот поддржувач на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, повторно објави порака на Икс, чиј сопственик е, во која лажно ги обвини Њусом и неговите колеги демократи дека ги декриминализирале грабежите.