Петнаесетгодишниот Андреј Ѓурчиновски испиша историја со освојување на бронзен медал во категоријата „десетка“ на Европското првенство во билијард за играчи до 17 години, кое се одржува во Подчетртек, Словенија. Kanal5
Талентираниот Андреј Ѓурчиновски (15) донесе прв историски медал за македонскиот билијард, освојувајќи бронза во дисциплината „десетка“ на Европското првенство за играчи до 17 години, што се одржува во Подчетртек (Словенија). Тој на патот до бронзата забележа пет победи по ред во конкуренција од 77 играчи од 32 држави, а само во полуфиналето беше поразен од домашниот фаворит и актуелен европски првак, Словенецот Макс Бенко. Sport1