Добивај вести на Viber Принцот Хари ја разгледал можноста да го смени презимето и да го земе Спенсер на мајка си, дознава британски The Mail on Sunday.
Принцот Хари наводно побарал совет од својот чичко и брат на принцезата Дајана, грофот Чарлс Спенсер, во текот на посетата на Велика Британија во врска со промената на неговото сегашно презиме во Спенсер, но на војводата од Сасекс наводно му било кажано дека правната страна на таквата промена би била доста комплицирана, пишуваат британските медиуми.