1 (6) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 14:58 -> 24-Sep 15:40
.
.
.
.

Унгарскиот премиер Орбан на 26 и 27 септември во официјална посета на Република Северна Македонија

  • Орбан во дводневна посета на Македонија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската Влада, на 26 и 27 септември ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија, информира владината прес-служба.

На 26 и 27 септември, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ќе биде во дводневна официјална посета на Македонија, заедно со делегација од унгарската влада, како што информираат владините служби.

4 (41) ■ вести > свет ■ 22-Sep 08:47 -> 24-Sep 15:15
.
.
.
.

ТРАМП: Мислам дека Зеленски е најголемиот бизнисмен во историјата, секогаш кога доаѓа во САД, тој си заминува со 60 милијарди долари

  • Зеленски за Еј-Би-Си Њуз: Поблиску сме до крајот на војната отколку што мислиме

  • Зеленски во САД за да му го претстави својот „план за победа“ на Бајден

  • Зеленски во посета на фабрика за артилериски гранати во Пенсилвенија

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака демократите да победат на изборите на кои тој ќе се соочи со демократската потпретседателка Камала Харис, пренесоа британските медиуми.

Се поблиску сме до крајот на војната, поблиску отколку што мислиме, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за Еј-Би-Си Њуз.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа пристигна во САД каде на американскиот претседател Џо Бајден ќе му ги претстави деталите од неговиот „план за победа“ со цел да се стави крај на руската инвазија, уверувајќи дека оваа есен ќе биде одлучувачка.

Под засилени безбедносни мерки, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посети фабриката за муниција во Пенсилванија за да им се заблагодари на работниците кои учествуваат во производство на муниција која се користи во одбрана на неговата земја од руските копнени сили.

9 (94) ■ вести > свет ■ 22-Sep 08:34 -> 24-Sep 14:05
.
.
.
.

Би-Би-Си: Израел игра многу опасна игра, копнената инвазија изгледа неизбежна

  • Израел ги предупреди жителите од јужен Либан да заминат од близина на локациите на Хезболах

  • Израелците не исклучуваат и копнена агресија во Либан,Хезболах на удар на силни воздушни напади

  • Бајден: Ќе направиме се што можеме за да се избегне проширување на конфликтот на Блискиот Исток

Мрежите на Хезболах се тешко оштетени, неговите борци се осакатени, неговото раководство е убиено, а неговата воена инфраструктура е под постојано бомбардирање.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги предупредија жителите на јужен Либан да заминат од близина на локациите што ги користи милицијата на Хезболах пред „обемните, прецизни напади, против терористички цели, јави ДПА . „Наскоро, ИДФ ќе се вклучи во обемни, прецизни напади, против терористички цели кои се широко распространети низ Либан“, се наведува во објавата на ИДФ на Телеграм, што ја пренесува германската агенција.

Тешко е да се поверува дека помина помалку од една недела откако комуникациските уреди што ги користи Хезболах почнаа да експлодираат низ Либан.

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е загрижен за тензиите на Блискиот Исток и увери дека „ќе направи се што може“ за да избегне проширување на конфликтот.

11 (7) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 13:27 -> 24-Sep 14:22
.
.
.
.

ДКСК оформила 65 предмети за повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата во врска со изборната кампања 2024

  • Изборите под лупа: ДКСК откри бројни нерегуларности

Во периодот на изборниот процес Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК) оформила вкупно 65 предмети, кои се резултат на пријави за сомневање за сторени повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата, предмети оформени по сопствена иницијатива на Комисијата, како и приговор поднесен од организатор на изборна кампања.

Во периодот на изборниот процес Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК) оформила вкупно 65 предмети, кои се резултат на пријави за сомневање за сторени повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата, предмети оформени по сопствена иницијатива на Комисијата, како и приговор поднесен од организатор на изборна кампања.

12 (15) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Sep 10:45 -> 24-Sep 14:15
.
.
.
.

Почнува изградба на спортска сала во ПОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населба Хром

  • Мицкоски: За една година од мандатот инвестираме 21 милијарда денари во капитални проекти во општините

Во Подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром во општина Ѓорче Петров денеска беше поставен камен-темелник за изградба на спортска сала на површина од 476 квадратни метри.

Можам да кажам дека повторно Македонија се гради после долгогодишен застој, конечно почнуваме да го надополнуваме тоа коешто годините позади нас беше запустено, заборавено, а ветувано, неисполнето, рече претседателот на владата, Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на ставањето камен-темелник на новата спортска сала во оопштина Ѓорче Петов.

14 (11) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 12:28 -> 24-Sep 14:28
.
.
.
.

(ВИДЕО) Петровска: Предлог-законот за бранителите не е шаховска игра, ниту провокација

  • Петровска: Наместо писма, ВМРО-ДПМНЕ да го задолжи Гаши да ја закаже Комисијата за Законот за бранители

Изјавите и коментарите на партиите од власта кои ги слушнавме и прочитавме изминативе десетина дена поврзани со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства, по скратена постапка се пораз за демократијата, демант на сите изјави на истите тие политичари кои велеа дека сме свесни за значењето на соживотот, меѓуетничките односи, но и најголем доказ дека некои политичари не ја сфатиле суштината на интеграцијата во Европската унија и не ја сфатиле својата улога во нашето општество, истакна на денешната прес-конференција Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

Изјавите на претставниците на партиите од власта поврзани со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства по скратена постапка дека се работи за провокација или обид за дестабилизација се пораз за демократијата, демант на сите изјави на тие политичари дека се свесни за значењето на соживотот, меѓуетничките односи, интеграцијата во ЕУ и својата улога во општеството, изјави денеска пратеничката на опозициската СДСМ, Славјанка Петровска, која е предлагач на законот.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

53 (4) ■ сцена > култура ■ 24-Sep 10:30 -> 24-Sep 13:27
.
.
.

„Пијан Славеј“ на летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ

  • Летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ му даде крилја

На летната Сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ) вечер ќе настапи „Пијан Славеј“, музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски со нивната нова македонска шансона, која го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.

Во Македонскиот народен театар изминатата недела се случи отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“, која ги сплоти публиката, актерите, режисерите, музичарите и сите уметници, на едно убаво место - плато/летната тераса покрај течението на реката Вардар.