Британски готвач, чиј ресторан има ѕвезда на „Мишелин“, ги повика крадците кои му го украле комбето со 2.500 пити – „да ја направат вистинската работа“, да не ги фрлаат, туку да ги остават некаде за гладни и изнемоштени луѓе, кои имаат потреба од нив.
Томи Бенкс, сопственик на два ресторана и паб во Северен Јоркшир, вчера на Инстаграм објави дека му е украдено комбе, со намирници во вредност од 25.000 фунти (повеќе од 30.000 евра). Тој ги повика крадците да ги остават питите во општински центар или пред народната кујна.