Американскиот претседател Џо Бајден беше критикуван од некои негови приврзаници дека одлучил да го помилува неговиот син Хантер, и покрај тоа што до неодамна ветил дека нема да се меша во работата на судот, пишува Гардијан.
Американскиот претседател Џо Бајден синоќа соопшти дека го помилувал својот син Хантер, кој чекаше пресуда за случаи на недозволено поседување огнено оружје, лажни изјави при проверка на оружјето, за што претходно беше прогласен за виновен, како и за затајување данок, што тој самиот призна.
Се огласи Хантер Бајден по помилувањето од неговиот татко – американскиот претседател Џо Бајден.
Од Белата куќа синоќа испратија пораки дека претседателот Џо Бајден го помилувал својот син Хантер поради стравувања дека неговите политички противници ќе продолжат да го гонат Бајден помладиот и во иднина, во чисто политички мотивирани судски процеси.