Добивај вести на Viber Под влијание на циклонска активност со центар над Јонското море, за време на викендот (сабота и недела 24/25 мај) во нашата Република Македонија ќе имаме нови врнежи од дожд кои ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи и со повремено засилен ветер од северен правец, особено во недела (25 мај).Локално ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер (над 60 км/час), електрични празнења и со услови за појава на град, прогнозира метеорологот Славчо Попоски.
Според него и во Скопје и околината за време на викендот ќе имаме пообилни врнежи од дожд, проследени со повремено засилен ветер од северен правец.Повеќе на Фактор.