Метео прогноза на Славчо Попоски Под влијание на циклонска активност со центар над Јонското море, за време на овој викенд (сабота и недела 24/25 мај) времето во нашата Република Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни, проследени со локална појава на грмежи. Gradina
Добивај вести на Viber Под влијание на циклонска активност со центар над Јонското море, за време на викендот (сабота и недела 24/25 мај) во нашата Република Македонија ќе имаме нови врнежи од дожд кои ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи и со повремено засилен ветер од северен правец, особено во недела (25 мај). Локално ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер (над 60 км/час), електрични празнења и со услови за појава на град, прогнозира метеорологот Славчо Попоски.
Според него и во Скопје и околината за време на викендот ќе имаме пообилни врнежи од дожд, проследени со повремено засилен ветер од северен правец.„Инаку, за викендот, исто така од север ќе се спушта значително поладен воздух кој повторно значително ќе ги спушти температурите на воздухот, и тие ќе бидат значително потпросечни за овој период од годината. Faktor