Во преводите на старите записи за времето на Александар Македонски можат да се прочитаат прераскажани сведоштва од неговите генерали, во кои се објаснуваат средбите на македонската армија со различните племиња и народи што ги среќавале во Азија.
Во тоа лето во Пела во царските палати на Македонците под силни небески огнови се родил Александар, миленикот на боговите, на царевите, на фалангата, македонскиот народ, а подоцна станал миленик на целиот свет.