Лидерот на британската Реформска партија, Најџел Фараж, ги повика американските политичари да ја користат дипломатијата и трговијата за да ѝ покажат на британската влада дека греши во врска со правилата за слобода на говорот, споредувајќи ја Велика Британија со Северна Кореја. Фараж го кажа ова во Вашингтон, каде што зборуваше пред комитет на американскиот Конгрес за тоа дали европските закони „го загрозуваат правото на Американците слободно да зборуваат“, објавува Би-Би-Си. Осврнувајќи се на случаите на писателот Греам Линехан и жена затворена поради расистичка објава на социјалните медиуми, Фараж зборуваше за „вистински ужасна авторитарна ситуација во која западна Велика Британија“.