Воениот транспортен авион C-27J Spartan од Литванија, кој го превезуваше највисокото политичко раководство на земјата, беше принуден да остане во воздух поради неидентификуван дрон што беше забележан во близина на аеродромот, објави литванската радио-телевизија (LRT). Во авионот беа претседателот Гитанас Науседa, првата дама Дијана Науседиене, како и литванската делегација што се враќаше од посета на Финска. Додека авионот се приближуваше кон аеродромот во Вилнус, екипажот доби информации за присуство на дрон во близина на пистата, што го направи слетувањето небезбедно.