Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата „Објектив“ на Македонската телевизија вели дека не сака да ја коментира истрагата за трагедијата во Кочани за да не влијае врз истата, но посочи дека нема да запре да ја критикува работата на судиите и обвинителите, бидејќи како што рече не е задоволен од испораката на правдата.
Соопштение на СДСМ – интегрален текст: По една година од новата влада, состојбата со македонската економија е алармантна.
За една година власт, ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ ја претворија Македонија во земја на понижени работници, посиромашни граѓани и опасно задолжена држава, истакна на денешната прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Поразителни се податоците на Евртостат, работниците во Македонија денес се на дното на Европа, со најниски плати и најнизок животен стандард.
Денешното излагање на Мицкоски е уште една потврда дека тој целосно се загуби помеѓу неговите лаги од една страна, и суровата вистина – реалноста од друга страна.