1 (60) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Jun 07:13 -> 21-Jun 21:14
.
.
.
.

Петрушевски: Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио

  • „Сценарио за дестабилизација скроено во Дубаи“: ВМРО-ДПМНЕ бара Филипче јавно да се огради и да побара оставка од неговиот советник тепач во Кочани

  • Дали Заев му ги издиктира на Филипче кандидатите за градоначалници кои сигурно ќе изгубат на изборите?

  • ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите на СДС и Филипче се деца на Заев, синоним за неспособност, слаб рејтинг и послушност

Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио.

СДСМ повторно се впушти во опасно сценарио за дестабилизација и сеење страв.

Ова не се кандидати на партиската база на СДС, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче.

СДС уште еднаш ја покажа својата политичка немоќ и потценувањето на граѓаните, со тоа што предложи кандидати за градоначалници кои се синоним за неспособност, слаб рејтинг и партиска послушност кон Зоран Заев, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

2 (90) ■ вести > македонија > хроника ■ 20-Jun 04:58 -> 21-Jun 17:30
.
.
.
.

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна Банка за кое Велибор Манев рече дека го уништил ранецот со пиштолот и моторолите на Палевски!

  • Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

  • Уапсен вработениот во Народна банка, за кого Манев сведочеше дека го земал ранецот со пиштолот со кои Вања и Панче се убиени

  • Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого Велибор Манев, еден од обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска во судница рече дека е „човекот што го уништил пиштолот со кој Љупчо Палевски ги убил Вања и Панче“.Од Обвинителството потврдија дека лицето е лишено од слобода и дека се преземаат и други дејствија.

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако на изминатото рочиште одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда.

Попладнево е уапсен З.Д., вработен во Народна банка, за кого обвинетиот Велибор Манев сведочеше дека го уништил ранецот во кој бил пиштолот со кој се убиени Вања и Панче.

Oсновниот кривичен суд Скопје на 25 јуни ќе ја донесе конечната пресуда за петмината обвинети за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, откако денеска одбраната на првообвинетиот Љупчо Палевски и другите обвинети во случајот ги дадоа своите завршни зборови.

3 (57) ■ вести > свет > еу ■ 20-Jun 04:00 -> 21-Jun 18:45
.
.
.
.

Директорката на американската разузнавачка служба: Иран би можел да произведе нуклеарно оружје за неколку недели

  • Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ

  • Трамп: Иран сака да разговара со нас, а не со Европа

  • Европски дипломат: Иранците не можат да седнат со Американците, додека ние можеме

Директорката на американската национална разузнавачка служба, Тулси Габард, сега тврди дека Иран би можел да произведе нуклеарно оружје „во рок од неколку недели“.Во март, таа пред сенатскиот комитет изјави дека Иран не развива нуклеарно оружје.

Кратко по предупредувањето, армијата објави дека жителите можат безбедно да ги напуштат засолништата за бомби.

Американскиот претседател Доналд Трамп се обрати на печатот по пристигнувањето во Бедминстер, град во државата Њу Џерси, каде што се наоѓа неговотo приватнo голф-одморалиште.

Европските министри за надворешни работи денес ќе се сретнат со својот ирански колега, со цел да го отворат патот за дипломатија околу спорната нуклеарна програма, и покрај тоа што САД активно размислуваат да се приклучат кон израелските напади врз Иран.

6 (24) ■ вести > македонија > политика > образование ■ 20-Jun 05:23 -> 21-Jun 19:00
.
.
.
.

МОН подготвува препораки за примена на вештачката интелигенција во образованието

  • Јаневска: Воведување на вештачката интелигенција е следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем

  • Министерката Јаневска ќе учествува на дводневен самит за образовни технологии во Истанбул

Министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше дека работна група на Министерството за образование и наука (МОН) со професори од факултети по информатика, работи на подготовка на документ со насоки и посебни препораки за наставниците и учениците за примена на генеративна вештачка интелигенција во процесот на образованието.

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го унапреди квалитетот, ефикасноста и инклузивноста на образованието во Македонија.

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на 6. Меѓународен самит за образовни технологии, што се одржува во Истанбул, од 20 до 22 јуни 2025 година, во организација на Министерството за национално образование и наука на Република Турција.

16 (14) ■ вести > македонија ■ 21-Jun 11:31 -> 21-Jun 16:30
.
.
.
.

„ПРОДОЛЖУВАМ ДА ГИ КОРИСТАМ СИТЕ КОНТАКТИ ЗА ДА ЈА РАСКАЖАМ МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА“: Мицкоски телефонски разговараше со Пленковиќ

  • Мицкоски: Македонија заслужува членство во Европската унија, но со крената глава!

Добивај вести на Viber Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во телефонски разговор со премиерот Христијан Мицкоски му дал поддршка за евроинтегративниот процес, нагласувајќи дека земјава го заслужува членството во ЕУ. За телефонскиот разговор информираа двајцата премиери на нивните социјални медиуми.-Имав телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска, Во пресрет на извештајот на Европскиот парламент, продолжувам да ги користам сите контакти за да ја раскажам македонската вистина - за нашиот напредок, за вредностите што ги браниме и за иднината што ја заслужуваме, нагласи Мицкоски на Фејсбук.

На својот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски објави дека имал телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија