Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
4
9.48
9.45
0.93/0.45
4.00
1.17
0.29
394.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 4
9 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 35.2
Best clustering variants
9 0.99/0.01 2 35.2
centar.mk

Компанијата е толку убедена во супериорноста на новата верзија што го најавува крајот на претходните: „Со доаѓањето на моделот ГПТ-5, ги откажуваме сите наши стари модели“, рече истражувачката Тина Ким за време на презентацијата.Меѓу проблемите што ГПТ-5 наводно подобро ги решава се долгогодишните проблеми како што се „халуцинации“ – кога моделот измислува непостоечки информации – но и безбедносните ранливости, кои беа особено изразени во неодамнешните истраги како онаа на списанието „Вирд“.Новиот модел, исто така, воведува можност за избор помеѓу четири предефинирани „личности“: циник, робот, слушател и гик, со цел дополнително прилагодување на стилот на комуникација на корисникот.Сепак, и покрај помпезните тврдења, Алтман признава дека тие се уште се далеку од крајната цел – вештачка општа интелигенција (АГИ), термин што означува ниво на кое способностите на ВИ би ги надминале човечките.„Искрено, го мразам терминот АГИ бидејќи секој го користи во различна смисла, но [ГПТ-5] е значаен чекор напред кон модели кои се навистина способни“, рече Алтман.„Сè уште ни недостасува нешто клучно“.Исто така, не е јасно дали ГПТ-5 ќе го реши проблемот познат како „Чат ГПТ психоза“, каде што некои корисници пријавиле чувство на губење на контакт со реалноста по долгите сесии за разговор со моделот.

Засега, „Опен АИ“ најавува само воведување на „нежни потсетници за паузи“ за време на продолжена употреба. centar.mk