Во рамки на истражувањето биле развиени четири клучни ресурси: голем јазичен ВИ модел (анг.
LLM) специјализиран за македонски јазик најдобар во својата категорија – domestic-yak-8B, потоа најголемиот јавно достапен текстуален корпус за македонски јазик, множество инструкции на македонски јазик за развој на големи јазични модели и систем за евалуација на перформансите на јазичните модели на македонски јазик. denesen.mk
ACL е водечка глобална конференција во областа на обработка на природен јазик, со традиција од 63 години.
„Slavic NLP“ Workshop, која оваа година го одбележа своето десетто издание, е посветена на истражувања од областа на обработка на сите словенски јазици. plusinfo.mk
Студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ освоија награда за најдобар научен труд за модел на вештачка интелигенција на македонски јазик на меѓународната конференција „Slavic NLP Workshop“, ворамки на една од најпрестижните светски конференции за обработка јазик – ACL во Виена, Австрија. nezavisen.mk