Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денес му рече на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека е разочаран од неговата одлука да воведе ембарго за извоз на оружје за Израел, оценувајќи дека оваа одлука ќе ја награди палестинската милитантна група Хамас.
Израел прави грешка со одобрувањето на плановите за окупирање на градот Газа, изјави денеска британскиот премиер Кир Стармер.
Германската влада нема да одобри никаков извоз на воена опрема во Израел што би можела да се користи во Појасот Газа до понатамошно известување, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц, во врска со планот на Израел да ги прошири своите воени операции на палестинската територија.Ослободувањето на израелските заложници и преговорите за прекин на огнот се главни приоритети на Германија, рече Мерц, изразувајќи длабока загриженост за страдањето на цивилите во Појасот Газа.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел има намера да го окупира Појасот Газа со цел да воспостави идна цивилна администрација ослободена од влијанието на Хамас, објави Анадолу.