Facebook / Hristijan Mickoski Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се воспоставува нормален режим на сообраќај во двата правци.
Утрово има зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, каде времето на чекање за влез во државата е околу 15 до 30 минути.
Од синоќа во 21:50 часот сообраќајот на ГП Блаце, во двата правца се одвива нормално за патнички моторни возила, наизменично за камиони шлепери, додека за товарни возила со церади движењето е се уште забрането, соопшти утрово АМСМ.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.