Пет дена презентираме сознанија за вистината за Модуларната болница, кои до нас дојдоа од свиркачи, а според информациите кои ние ги поседуваме истите ги поседува и ЈО. Провизии кои чинат животи е афера која до срж го открива Венко Филипче и неговата вина за пожарот во Модуларната болница, изјави денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
Венко Филипче лично ја направил спецификацијата за изградба на модуларната болница во Тетово, која поради лошите материјали кои биле вградени, а планирани од Филипче, изгоре како кутивче кибрит, а со себе однесе и 14 животи.
Вистината за модуларната болница, провизии што чинат животи денеска повторно ќе ја отвори ВМРО-ДПМНЕ.
Аферата „Провизиите кои чинат животи“, го разобличи и го покажа вистинскиот Венко Филипче, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.