Вучевиќ за Радио телевизија на Србија изјави дека одлуката на Горан Весиќ е чин на сериозен човек, кој е свесен дека кога извршува важна функција го има и товарот на одговорност.
Не се сомневам дека Горан Весиќ субјективно не е виновен за ништо што се случи на 1 ноември во Нови Сад, рече Вучевиќ и додаде дека Весиќ е објективно одговорен бидејќи тој раководи со тој оддел. Novamakedonija
Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ и додаде дека не се сомнева оти министерот не е субјективно виновен за тоа што се случи во Нови Сад. Plusinfo
„Не можам да ја прифатам вината за смртта на 14 лица, бидејќи ниту јас, ниту луѓето што работат со мене не носиме ниту трошка одговорност за трагедијата што се случи.
Сигурен сум дека тоа ќе ја потврди и истрагата. 360stepeni
Министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ најави дека утре (5 ноември) и официјално ќе поднесе оставка за трагедијата на железничката станица во Нови Сад. Telma