Новосадската опозиција денеска ги повика граѓаните на 15 ноември да прекинат со работа на четиринаесет минути и да го изразат своето незадоволство преку индивидуален протест и граѓанска непослушност . Новосадската опозиција денеска ги повика граѓаните на 15 ноември да прекинат со работа на четиринаесет минути и да го изразат своето незадоволство преку индивидуален протест и граѓанска непослушност бидејќи обвинителството се уште нема осомничени за падот на настрешницата на железничка станица во тој град, при што животот го загубија четиринаесет лица.
Активистите од групите СвиЧе и СТАВ најавија протест и демонстрации во Нови Сад и в недела на 17 ноември напладне, каде ќе побараат одговорност за падот на настрешницата на железничката станица, јави дописникот на МИА од Белград. Kanal5