Новосадската опозиција денеска ги повика граѓаните на 15 ноември да прекинат со работа на четиринаесет минути и да го изразат своето незадоволство преку индивидуален протест и граѓанска непослушност бидејќи обвинителството се уште нема осомничени за падот на настрешницата на железничка станица во тој град, при што животот го загубија четиринаесет лица.
Активистите од групите „СвиЧе“ и „СТАВ“ најавија протест и демонстрации во Нови Сад и в недела на 17 ноември напладне, каде ќе побараат одговорност за падот на настрешницата на железничката станица, јави дописникот на МИА од Белград. Republika
Новосадската опозиција денеска ги повика граѓаните на 15 ноември да прекинат со работа на четиринаесет минути и да го изразат своето незадоволство преку индивидуален протест и граѓанска непослушност бидејќи обвинителството се уште нема осомничени за падот на настрешницата на железничка станица во тој град, при што животот го загубија четиринаесет лица. Libertas
Секој во тоа време треба само да застане, бидејќи животот на тие 14 луѓе застана во секунда“, се наведува во повикот на опозицијата.
Оттаму посочуваат дека „обвинителството, кое е изложено на притисок и опструкции на властите“, се уште не прогласило никого за осомничен за трагедијата на Железничката станица, но оти тие „нема да дозволат режимот да ги заборави жртвите “. Пратеникот и поранешен градоначалник на Нови Сад, Борислав Новаковиќ од Народното Движење на Србије (НПС), ги повика и другите градови во Србија во петок да застанат тие 14 минути. Plusinfo