Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
5
7.38
11.26
0.82/0.33
5.00
1.71
0.34
287.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 5
3 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 5.9
Best clustering variants
3 0.99/0.01 2 5.9
360stepeni

Српскиот претседател Александар Вучиќ добил покана од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, да ја посети Москва на 9 мај следната година, на одбележувањето на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, пренесе Радио-телевизија Србија (РТС). „Ве повикувам да учествувате на свеченостите по повод 80-годишнината од победата во Големата патриотска војна, што ќе се одржи во Москва на 9 мај 2025 година“, Во поканата испратена до српскиот претседател, Путин наведува дека е убеден оти зачувувањето на сеќавањето на големата победа ќе ја зајакне заедничката определба за зголемување на конструктивната соработка со цел да се обезбеди мир и безбедност на планетата.

Претходно, Путин го покани Вучиќ на Самитот на БРИКС што се одржа во октомври годинава во рускиот град Казан, но Вучиќ не се одзва на поканата со образложение дека Србија во тој период ќе има важни гости. 360stepeni